
Министерот за надворешни работи Томаш Петричек во посета на Скопје
16.04.2019 / 13:25 | Aktualizováno: 16.04.2019 / 13:31
На 14 март 2019, министерот Томаш Петричек во рамки на бизнис патување го посети Скопје.
Официјалната програма започна со брифинг за делегацијата на Европската унија предводена од г-дин Самуел Жбогар, продолжи со министерот за надворешни работи, г-дин Никола Димитров, премиерот, г-дин Зоран Заев и вицепремиерот за европски прашања г-дин Бујар Османи. Подоцна, тој ден министерот Петричек заедно со г-дин Османи го отвори приемот кој беше организиран по повод на 25-годишнината од воспоставувањето на дипломатските односи. На приемот министерот се сретна со шефот на најголемата опозициска партија, ВМРО-ДПМНЕ, г. Христијан Мицкоски.