
Заменик-министерот за надворешни работи, Јакуб Дирр, ја посети Македонија
20.02.2018 / 09:32 | Aktualizováno: 20.02.2018 / 09:37
На 13 февруари 2018 година, заменик-министерот за надворешни работи за европски прашања Јакуб Дирр, беше на работна посета во Република Македонија.
Заедно со државниот секретар на Министерството за надворешни работи на Словенија, Изток Мирошиќ, разговараше и со државниот секретар на Министерството
за надворешни работи, Виктор Димовски, беше примен од вицепремиерот за европски прашања Бујар Османи, дебатираше со студенти и професори на Правниот факултет
на УКИМ и се сретна со претставници на македонската стручна јавност.
Главната цел на посетата беше да се потврди поддршката на Чешка (и Словенија)
за напорите на македонската влада да ги започне пристапните преговори во ЕУ
и членство и во НАТО.
Запис за интервјуто на заменик-министерот на РСЕ/РС може да се најде тука: https://www.slobodnaevropa.mk/a/29039092.html