
Посета на Заменик Министер за внатрешни работи Јири Новачек на Македонија
18.12.2017 / 11:12 | Aktualizováno: 18.12.2017 / 11:16
На ден 30.11. до 01.12.2017 Заменик Министер за внатрешни работи Јири Новачек
ја посети Република Македонија придружуван, меѓу другите, од заменик-претседател на полицијата, генерал Мартин Вондрашек.
Министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски, изрази благодарност за чешката поддршка за остварување на македонските стратешки цели, односно забрзана интеграција во евроатланските структури, како и за материјална, финансиска
и персонална помош во совладување со влијанијата од миграционата криза. Високо беше оценета професионалноста на сите припадници на Чешката полиција
кои помогнаа во заштита на македонско-грчката граница од почетокот на февруари 2016 година.
Вториот ден од посетата, чешката делегација беше придружувана од заменик-министерот за внатрешни работи, Агим Нухиу, и директорот на Бирото за јавна безбедност, Лазо Велковски, беше посветен на брифинг во седиштето на граничната полиција на граничниот премин Богородица, и преглед на македонско-грчката граница ("камен 59") и мигрантскиот приемен центар "Винојуг". Чешката делегација се сретна
и со членовите на 14-тиот контингент на полицијата на Чешката Република.