
Photo: (@MZV)
Македонската Гранична полиција доби 25 возила Шкода Јети
02.09.2016 / 15:09 | Aktualizováno: 02.09.2016 / 15:13
На ден 29.08.2016 во просториите на Министерството за внатрешни работи на Република Македонија во Скопје свечено беа предадени 25 возила Шкода Јети, кои беа купени
со финансиска донација од 20 милиони чешки круни (околу 740 илјади евра) кои Република Македонија согласно со одлуката на владата на Република Чешка ги доби за поефикасно справување и совладување со мигрантската криза.
Според изјавата на министерот Митко Чавков, кој пред медиумите високо ја оцени досегашна чешка помош, специјално опремените теренски возила ќе се користат исклучиво за потребите на Граничната полиција.