македонски  english  česky 

понатамошно барање
Article notification Print Decrease font size Increase font size

Официјална посета на Претседателот Милош Земан

На 9 и 10.6.2016 година Претседателот на Република Чешка разговараше во Охрид со Претседателот на Република Македонија Ѓорге Иванов, од кого го доби највисокото македонско државно признание „Орденот 8 септември“.

Претседателите се договорија за потребата за понатамошен развој на билатералните односи во сите области со акцент на нивната трговско-економска димензија. Претседателот Земан ја потенцираше долготрајната поддршка на забрзаното зачленување на Република Македонија во евроатлантските структури и го пофали македонскиот пристап во решавање на миграциската криза. Претседателот Иванов се заблагодари за материјалната, финансиската и помошта во персонал, што Република Чешка ѝ ја обезбедува на оваа земја во врска со оваа криза и констатираше дека сегашната внатрешнополитичка криза е според негово видување резултат на фрустрацијата на граѓаните од стагнирачкиот развој во однос на ЕУ и НАТО.

 

Дел од програмата на двајцата претседатели беше и отворањето на бизнис форумот со учество на околу 40 претприемачи и претставници на стопанските комори и министерствата за економија.

Галерија


Zeman v MK