
Министерот за внатрешни работи на Република Чешка Милан Хованец ја посети Македонија
01.03.2016 / 11:39 | Aktualizováno: 01.03.2016 / 11:41
На 25 и 26 февруари 2016 година Министерот за внатрешни работи на Република Чешка Милан Хованец во придружба меѓу другите и на претседателот на полицијата Томаш Тухи, реализира работна посета на Република Македонија. Главната тема на разговорите со неговиот македонски колега Оливер Спасовски беше миграциската криза и чешката помош на Македонија во нејзиното совладување.
Во рамки на посетата двајцата министри го разгледаа центарот за бегалци Винојуг кај Гевгелија и се сретнаа со 27 чешки полицајци кои од 4 февруари до 19 март заедно со своите македонски колеги ја извршуваат службата во кампот и на македонско – грчката граница.