![na_celou_sirku](/public/a8/e1/5/1799877_1456973_R0328841.jpg)
Министерот за надворешни работи Лубомир Заоралек ја посети Македонија
17.02.2016 / 10:31 | Aktualizováno: 17.02.2016 / 10:34
Министерот за надворешни работи на Република Чешка Лубомир Заоралек на 10.2.2016 година разговараше во Скопје со својот колега Никола Попоски со кој заедно го отвори чешко-македонскиот претприемачки форум, се обрати на прес-конференција и во ЕУ Инфо-Центарот ја отвори изложбата по повод 25-годишнината од почетокот на Вишеградската соработка.
Министерот Заоралек исто така беше примен од премиерот Емил Димитриев и претседателот Ѓорге Иванов, а во седиштата на СДСМ и ВМРО-ДПМНЕ разговараше со претседателите на овие партии, Зоран Заев и Никола Груевски.
Меѓу темите на разговорите доминираа билатералните односи, со израз на нивната економска димензија, евроатлантските амбиции на Република Македонија, нејзината внатрешно-политичка ситуација и миграциската криза.