македонски  english  česky 

понатамошно барање
Article notification Print Decrease font size Increase font size

Сенаторот Томаш Јирса го посети Шуто Оризари и разговараше за мигрантската криза

Потпретседателот на Комисијата за надворешни работи, одбрана и безбедност на Сенатот при Парламентот на Република Чешка Томаш Јирса во рамки на работната посета на Република Македонија на ден 3.10.2015 година се сретна со пратеникот во македонскиот Парламент Амди Бајрам, во чија придружба разгледа неколку модерни образовни и спортски институции во скопската општина Шуто Оризари во која главно живеат Роми.

На 4.10.2015 година, Сенаторот се запозна со ситуацијата во мигрантскиот центар во општината Табановце и во ромската населба Средорек во Куманово и на 5.10.2015 година дискутираше главно за мигрантската криза со потпретседателот на Парламентот и претседавач на Комисијата за надворешни работи Антонио Милошоски и со државниот секретар при Министерството за внатрешни работи Анастасија Илиеска.

Галерија


Jirsa