Преведувачи и толкувачи

Кој е судски преведувач?

Условите за вршење на преведувачката/толкувачката дејност се определени во законот бр. 354/2019 Зб. за судски толкувачи и судски преведувачи во сегашната верзија. Дејноста за официјално толкување во Република Чешка може да ја вршат преведувачите и толкувачите запишани во списокот на преведувачи и толкувачи што го води Министерството за правда на Република Чешка по положување на приемниот испит што го обезбедува и организира Судската академија и исполнување на други услови.

Судските преведувачи/толкувачи имаат право да преведуваат јавни исправи (извод од матични книги на венчаните, свидетелства, универзитетски дипломи, судски поднесоци, пресуди итн.) како и да толкуваат во судот (на пр. во случај на распит на страните или сведоците), во полициски станици (при изјави по приведување) или пред државните органи (на пример за време на царински контроли). Регистрираните судски преведувачи/толкувачи имаат право на својот превод да стават преведувачки или толкувачки печат или квалификуван електронски потпис во електронска форма и квалификуван временски печат за да ја потврдат точноста на преводот/толкувањето.

Преводите може да ги изврши судски преведувач запишан во списокот на преведувачи и толкувачи во Министерството за правда на Република Чешка.

Списокот на официјално запишаните преведувачи се наоѓа на веб страницата на Министерството за правда на Република Чешка https://tlumocnici.justice.cz и https://seznat.justice.cz.

Список на официјално запишаните преведувачи во Република Северна Македонија: pravda.gov.mk/sudski-preveduvaci

Список на официјално запишаните преведувачи во Република Косово: KGJK_LISTA_KANDIDATEVE_TE_CILET_JANE_FUTUR_NE_LISTEN_RE_TE_PERKTHYESVE_GJYQESORE_TE_CERTIFIKUAR_Lista_preliminare_per_rilincencim_2023.pdf (gjyqesori-rks.org)

Ве известуваме дека од 1.9.2023 година документите што се поднесуваат во Амбасадата на Република Чешка во Скопје мора да бидат преведени и заверени со клаузула на прописно регистриран преведувач.