македонски  english  česky 

понатамошно барање
Article notification Print Decrease font size Increase font size X logo Facebook logo

Адаптациско – интеграциски курсеви

Секој странец на кого од 1.1.2021 година му е издадена дозвола за долготраен престој на територијата на Република Чешка и понатаму секој странец на кого по овој датум му била издадена дозвола за траен престој без услов на претходен престој на територијата има обврска да заврши адаптациско – интеграциски курс, и тоа до една година од преземањето на документот на дозволата за престој. Ова не се однесува на некои категории на долготраен престој (на пр. заради студирање, инвестирање, работничка и сина карта во рамки на владините програми и сл.) и барателите до 15 години и над 61 година, граѓаните на ЕУ и припадниците на нивните семејства.

Подетални информации за курсевите се достапни на интернет страницата на Министерството за внатрешни работи на Република Чешка:  https://www.mvcr.cz/clanek/adaptacne-integracni-kurzy.aspx