ИТНИ МЕРКИ ВО РАМКИ НА ПРЕВЕНЦИЈАТА ОД ШИРЕЊЕТО НА КОВИД-19 НА ТЕРИТОРИЈАТА НА РЕПУБЛИКА ЧЕШКА

Министерот за здравство на 10 март 2020 година издаде итни мерки во рамки на превенцијата од ширењето на КОВИД-19 на територијата на Република Чешка. Овие мерки се однесуваат на странци кои немаат траен или привремен престој во Република Чешка, ниту пак работат таму, односно пред сѐ се однесува на туристите.
Сите лица кои немаат траен или привремен престој на територија на Република Чешка или не работат таму имаат обврска да бидат подложени на контрола на знаците на инфективно заболување.
Во случај на утврдување на знаци на инфективно заболување, имаат обврска да соработуваат при земањето примероци со здравствените работници и истовремено да подлежат на ограничување на слободата на движење за време на лабораториското испитување на земените примероци.
За странци со траен или привремен престој или оние кои работат во Република Чешка и понатаму останува да важи обврската непосредно по враќањето од Италија да го известат за тоа нивниот матичен лекар и да влезат во карантин.
Повеќеи нформации се достапни на веб страницата на Министерството за здравство: https://www.mzcr.cz/.